SportM
Фудбал

Брутален почеток на сезоната за Ерлинг Халанд: Постигна два гола и правеше склекови на теренот (ВИДЕО)

Д М7 авг 2021
Брутален почеток на сезоната за Ерлинг Халанд: Постигна два гола и правеше склекови на теренот (ВИДЕО)

Ерлинг Халанд ја започна новата сезона на феноменален начин.

Откако минатата сезона ја заврши со 41 гол на 41 натпревар, тој блескаше на натпреварот од Купот против Вехен на отворањето на новата сезона.

Борусија по првото полувреме води со 2:0, а двата гола ги постигна прекрасен норвешки напаѓач во време од четири минути.

Најпрво, во 27. минута, тој го искористи одличното додавање на Ројс и го совлада противничкиот голман за предност на Борусија од 1:0.

Четири минути подоцна сето тоа го направи самиот. Тој освои пенал, а потоа го претвори во гол за водство на тимот од Дортмунд од 2:0.

Пред да постигне гол од пенал, Халанд направи неколку склекови пред противничкиот гол.

Со овие голови, Ерлинг најави уште една феноменална сезона и неговиот престој е секако најдоброто нешто што можеше да и се случи на Борусија.

Норвежанецот се поврзува со трансфер во Челзи. На крајот, „сините“ го купија Ромелу Лукаку, а Халанд сигурно ќе биде главна ѕвезда на преодниот рок летото следната година.

Ќе биде интересно да се види колку голови ќе постигне оваа сезона, а започна навистина спектакуларно.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.