SportM
Фудбал

Буфал: „Најсреќниот ден во мојот живот“

Д М7 дек 2022
Буфал: „Најсреќниот ден во мојот живот“

Мароканскиот фудбалер Софијан Буфал по пласманот на неговата селекција во четвртфиналето на Светското првенство изјави дека тоа бил најсреќниот ден во неговиот живот.

Мароко ја елиминира Шпанија во осминафиналето по подоброто изведување пенали со резултат 3:0. По 120 минути игра немаше голови.

„Ова е најсреќниот ден во мојот живот. Денеска напишавме историја. Ја видовме радоста на луѓето, нашите семејства… Тоа се емоции кои не можат да се опишат “, рече Буфал.

Мароко се квалификуваше во четвртфиналето на Светското првенство за прв пат во историјата и стана само четвртата африканска селекција со тоа, по Камерун, Сенегал и Гана.

„Во Мароко сите живеат за фудбалот. Видовме луѓе кои слават на улиците и сме горди. Мајка ми е луда од среќа. Тоа е најважното нешто во мојот живот. Да ја видам мајка ми среќна, не можам да барам нешто повеќе“, додаде тој.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.