SportM
Фудбал

Буфон на 44 години се враќа во средно училиште: Моите родители 30 години ме „дават“ поради тоа

Д М3 јул 2020
Буфон на 44 години се враќа во средно училиште: Моите родители 30 години ме „дават“ поради тоа

Легендарниот голман Џанлуиџи Буфон не успеа да го заврши средното училиште поради неговата фудбалска кариера.

Чуварот на мрежата на Јувентус потпиша продолжување на соработката со „Бјанконерите“ до следната сезона, а по истекот на неговиот договор, тој планира да се врати во средното училиште што не го заврши.

„Кога ќе ја завршам кариерата, ќе одам една година на одмор за да бидам со семејството. Ќе се вратам во средно училиште и ќе го завршам, бидејќи моите родители поради тоа ме „дават“ веќе 30 години“, рече Буфон.

Познатиот голман не успеа да го заврши школувањето поради големиот подем на кариерата во неговите млади денови и брзата транзиција кон професионалните води, но тој сепак ќе ја исполни желбата на своите родители на крајот.

Буфон има освоено скоро сè што може во кариерата, а се што му треба е трофеј во Лигата на шампионите.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.