Буфон за трансферот на Влаховиќ: Во мое време немаше таков играч

Душан Влаховиќ денеска ќе стане нов играч на Јувентус.
Се е договорено, Влаховиќ пристигна во Торино, а Фиорентина ќе добие отштета од 75 милиони евра.
Сите се убедени дека Јуве направи одличен потег оваа зима, а легендарниот голман Џанлуиџи Буфон со одбрани зборови зборува за одличниот српски напаѓач.
„Јувентус е на вистинскиот пат Влаховиќ е најголемиот потпис и големо изненадување. Тој е најдобриот млад играч во Европа, заедно со Халанд и Мбапе. Во мое време немаше играчи од 190 сантиметри со таква динамика“, вели легендарен голман.
Буфон моментално брани во Серија Б за Парма, но наскоро би можел да ја продолжи кариерата во МЛС.
Кога станува збор за Влаховиќ, тој ќе потпише договор на 4,5 години и ќе заработува околу седум милиони евра по сезона. Во Јуве доаѓа по спектакуларната полусезона во која како играч на Фиорентина постигна 17 гола во Серија А и три гола во Купот на Италија, вкупно 20 гола на само 24 натпревари.
Навивачите на Фиорентина уште порано го прогласија за предавник, кога одби да го продолжи договорот, а особено ги боли тоа што од сите тимови го избра Јувентус.



