Поврзи се со нас

Фудбал

Бундеслигата откри колку изгуби и колку ќе изгуби поради забраната за присуство на публика на стадионите

Дека пандемијата на коронавирусот ги потресе фудбалските клубови, сведочи и изјавата на финансискиот директор на германскиот Келн, Александар Верле.

Финансискиот директор на Келн гостуваше во „РТЛ“, каде зборуваше за загубите предизвикани од коронавирусот.

Верле истакна дека Келн изгубил 11 милиони евра само минатата сезона поради забраната за присуство на натпревари.

“Приходите од продажба на билети, како и придружните приходи од гледачи се важен дел од нашиот буџет. Минатата сезона изгубивме 11 милиони евра поради пет домашни натпревари без гледачи”, рече Вехрле.

„Оваа сезона, во зависност од тоа како ќе се развива делумното отворање, претпоставуваме загуба од 15 до 20 милиони евра, а тоа треба да се надополни“, додаде тој.

Да потсетиме, од овој викенд стадионите ќе бидат делумно отворени до 20 проценти од капацитетот на стадионот.

 

 

Advertisement

Facebook

Реклама