Бунт во Баерн, играчите сакаат засилување

Чудни работи се случуваат во Баерн, бидејќи овој тим сè уште нема подготвен состав за следната сезона.

Доказ за тоа е поразот од Борусија Дортмунд, по што сите беа многу разочарани.

„Ни требаат повеќе играчи. Дури и ако дојде Сане, треба да имаме повеќе крилни напаѓачи. Останавме без тројца играчи напред и наместо тоа не сме донеселе никој. Имаме премалку искусни играчи. Значи, играме 50 натпревари по сезона. Румениге и Хоуенес знаат за за што зборувам“, рече Левандовски.

„Ние сакаме да имаме тим што може повторно да се бори за Лигата на шампионите. Тоа е мојата лична цел. Минатата сезона беше катастрофална. Сакам да ја повторам 2013 година“, рече Нојер.

Ќе видиме дали раководството ќе ги слуша овие двајца играчи, или дали ќе ја започнат сезоната со тимот што го имаат во моментов.