Connect with us

Фудбал

Чаби Алонсо се огласи по отказот во Реал Мадрид, еве ја неговата порака!

Чаби Алонсо ја даде првата изјава откако поднесе оставка од тренерската позиција на Реал Мадрид.

„Кралскиот клуб“ вчеравечер соопшти за разделбата со шпанскиот фудбалски стручњак.

-Оваа професионална фаза заврши, а работите не одеа како што сакавме. Работата како тренер на Реал Мадрид беше чест и голема одговорност. Им се заблагодарувам на клубот, на играчите и пред сè на навивачите за нивната доверба и поддршка. Заминувам со почит, благодарност и гордост што направивме сè што е можно, напиша Алонсо на социјалните мрежи.

Тој беше тренер на Реал Мадрид од 1 јуни 2025 година. Под негово водство „Лос Бланкос“ одиграа 34 натпревари, победија на 24, одиграа четири нерешени и загубија на шест средби.

На 11 јануари, Реал Мадрид загуби со 3-2 од Барселона во финалето на шпанскиот Суперкуп.