SportM
Фудбал

Новиот напаѓач на Барселона пристигна на аеродромот (ВИДЕО)

Редакција31 авг 2026
Новиот напаѓач на Барселона пристигна на аеродромот (ВИДЕО)

Напаѓачот на Арсенал, Габриел Жезус, пристигна во Барселона. Неговиот авион слета на аеродромот „Ел Прат“ во раните утрински часови во понеделникот, а потоа ќе следува лекарски преглед пред Барса официјално да го потврди трансферот.


Според шпанскиот весник „Марка“, Барселона го договорила трансферот на Бразилецот во текот на викендот. Тие ќе му платат на Арсенал фиксна сума од 10 милиони евра плус 4 милиони евра во бонуси, а Габриел Жезус треба да потпише двегодишен договор со опција за уште една сезона.

Ханси Флик сакал поинаков тип на напаѓач. И покрај тоа, договорот претставувал пазарна можност која Барселона не сакала да ја пропушти.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.