По два порази на Тотенхем во низа и без постигнат гол, Де Зерби: Нема место за паника

Тренерот на Тотенхем, Роберто Де Зерби, повика неговиот тим да не ја губи вербата во своите сили по поразот 0-2 дома против Њукасл. За Спарс, кои потрошија 400 милиони евра на трансфер пазарот, сè уште немаат освоено ниту една точка во првите две недели од Премиер лигата.
“Во 60-65 минути игравме подобро од Њукасл. Имавме шанса да постигнеме гол, но не успеавме. Откако тие постигнаа гол, изгубивме дистанца. Имавме повеќе шанси и шутиравме повеќе кон голот. Сè уште не сме тим. Треба да подобриме некои работи”, рече тренерот Де Зерби.
“Заборавете го резултатот, но не сум лут. Работиме добро. Бевме без среќа. Нема место за паника. Тоа е наш најголем предизвик, зашто не можете да купите менталитет на пазарот, и кога купувате толку многу нови играчи, тогаш треба да го најдете балансот,” објасни италијанскиот тренер.
“Би сакал да го најдам што е можно побрзо, бидејќи е суштинско за тоа што сакаме да направиме. Нашиот проект е одличен и немам сомнеж дека ќе добиеме резултати, но треба да продолжиме напред. Им реков на играчите веднаш: градењето на нешто ново е тешко, тоа е пат исполнет со проблеми,” рече Де Зерби.



