SportM
Фудбал

Чалханоглу: Ако пристигне понуда од Баерн или Борусија, нема да можам да ја одбиам

Д М20 ное 2019
Чалханоглу: Ако пристигне понуда од Баерн или Борусија, нема да можам да ја одбиам

Говорејќи за германскиот „Билд“, Хакан Чалханоглу рече дека доколку добие понуда од Баерн или Борусија Дортмунд, тој нема да може да каже „не“.

Во 2017 година, Турчинот пристигна во Милан од Леверкузен за нешто повеќе од 23 милиони евра, откако испорача одлични натпревари во германски клуб, во кој беше три години.

Сепак, од доаѓањето во Италија, тој не успеа многу, а сè повеќе се зборува за заминувањето.

Тој сега истакна дека нема да може да одбие понуди од германските клубови, а се осврна на 2014 година кога Баерн сакаше да го донесе, но тој реши да остане во Леверкузен.

„Јас пораснав во Германија, но сакам да разговарам со луѓе на италијански јазик. Од спортски аспект, секако, целта е да играм за Баерн Минхен или Борусија Дортмунд или некој друг одличен германски тим.“

 
„Важно беше дека Баерн ме следеше тогаш. Но, во тоа време, тие ги имаа Арјен Робен и Френк Рибери, загарантирани стартери, кои исто така беа обожавани од навивачите. Тешко беше да се каже не. Но, ако во одреден момент Баерн реши да ме доведе, јас не би можел да речам не“, рече тој за Калханоглу.

https://twitter.com/MilanNewsUN/status/1197114498064244738

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.