SportM
Фудбал

Чалханоглу: Го почитуваме Дуделанж, тие дојдоа тука за да го дадат својот најдобар натпревар

Д М30 ное 2018
Чалханоглу: Го почитуваме Дуделанж, тие дојдоа тука за да го дадат својот најдобар натпревар

Дуделанж на почетокот на второто полувреме успеаа да дојдат до водство на „Сан Сиро“ против Милан, со 1:2, но „Росонерите“ дадоа се од себе за да избегнат срам на домашен терен во петтото коло од групната фаза од Лига Европа.

Две гола на фудбалерот на Дуделанж и головите на Чалханоглу и Борини беа доволни за конечниот 5:2, а турскиот репрезентативец по натпреварот изјави дека „Росониерите“ високо го почитуваат Дуделанж.

„Го почитуваме Дуделанж, а денес играа добро – особено во првата половина. Не беше лесно, бидејќи на „Сан Сиро“ дојдоа за да го дадат својот најдобар натпревар“, рече Чалханоглу по натпреварот, но додаде:

„Мислам дека одигравме пристојно второ полувреме, таквиот пристап ни е потребен за да победуваме. Мене повеќе не боли ногата, конечно целосно сум подготвен. Не е важно кој дава голови, важно е тимот да победи. Голот е само бонус.“

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.