SportM
Фудбал

Чави го извади од игра, а тој налутено веднаш отиде во соблекувалната (ВИДЕО)

Д М25 апр 2022
Чави го извади од игра, а тој налутено веднаш отиде во соблекувалната (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона синоќа повторно ги разочараа своите навивачи бидејќи беа поразени од Рајо Ваљекано со 1:0.

Каталонскиот клуб го претрпе третиот последователен пораз на домашен терен, што не се случи долго време, а тимот на Рајо Ваљекана синоќа освои три бода на „Камп Ноу“.

Одлучувачкиот момент на натпреварот се случи во седмата минута кога Гарсија по одличен контра напад успеа да го совлада Тер Штеген и да погоди за 1:0, што се покажа како доволно за победа на гостите.

Барселона имаше неколку одлични шанси за израмнување на крајот од натпреварот, но голманот и рамката на гостите на крајот го спасија Рајо, кој дојде до голема победа на „Камп Ноу“ за прв пат по 22 години.

Дека на Чави не му оди најдобро во последно време и дека има неколку незадоволни играчи во тимот се виде во вториот дел.

Имено, Чави во 60. минута направи двојна измена и реши да го извади од игра Френки де Јонг, што воопшто не му се допадна на Холанѓанецот. Де Јонг од бес ги фрли костобраните и беше очигледно дека е несреќен што мора да го напушти теренот.

Исто така, холандскиот играч за врска веднаш отиде во соблекувалната и не сакаше да седи на клупата до крајот на натпреварот, што најдобро покажа колку е разочаран што мораше порано да го заврши натпреварот.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.