SportM
Фудбал

Чави ќе биде „прогонуван“ од изјавата за Обамејанг што ја даде пред две години

Д М1 фев 2022
Чави ќе биде „прогонуван“ од изјавата за Обамејанг што ја даде пред две години

Пјер-Емерик Обамејанг речиси сигурно кариерата ќе ја продолжи во дресот на Барселона.

Обамејанг синоќа ги мина лекарските прегледи и потпиша договор со Барселона, а сега се чека Ла Лига да го одобри овој трансфер за сето тоа и официјално да го потврди каталонскиот клуб.

Габонецот пристигна во Барселона од Арсенал како слободен играч бидејќи лондонскиот клуб се согласи да потпише договорен прекин на соработката со него.

Обамејанг, исто така, се согласи на драстично намалување на платата само за да игра во Барселона, и се очекува да биде големо засилување во нападот на каталонскиот клуб подоцна во сезоната.

Но, на Твитер се појави и изјава на тренерот на каталонскиот клуб Чави Ернандез за Обамејанг пред две години, кога тој се уште не беше на чело на стручниот штаб на Барселона.

Тогаш Чави зборуваше за играчите кои треба да ги доведе Барселона, а уште тогаш Обамејанг се поврза со овој клуб. Сепак, тогаш Чави веруваше дека Габонецот не е вистинското решение за Барселона.

„Обамејанг може да те „убие“ кога има многу простор пред него. Но, на Барселона и требаат играчи кои можат и знаат како да се движат во мал простор и да направат разлика во играта“, изјави тогаш Чави.

Сепак, сигурно е дека тренерот на Барселона е многу среќен што има ваков напаѓач, а Обамејанг останува да му докаже на Чави дека може да смета на него во сите сегменти од напаѓачката игра.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.