SportM
Фудбал

Чави повикал четворица фудбалери на интервју и им кажал дека се вишок

Д М21 мај 2022
Чави повикал четворица фудбалери на интервју и им кажал дека се вишок

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез им порача на четворицата фудбалери дека не смета на нивните услуги во новата сезона.

Каталонскиот клуб мина низ уште една неуспешна сезона. Барса остана без трофеј, но сите се надеваат дека следната сезона ќе биде многу поконкурентна во сите натпреварувања.

Веќе се споменуваа бројни можни трансфери, но она што е сосема јасно е дека ќе има многу заминувања од Камп Ноу. Вчера Чави им порача на четворката дека не смета на нив.

 

Тренерот на каталонскиот клуб разговарал со играчите од кои сака да се ослободи, а во неговите планови не се Оскар Мингеза, Рики Пуиг, Самуел Умтити и Мартин Брајтвејт.

Сите тие се слободни да бараат нови клубови. Можно е некои од нив да заминат на позајмица, но планот е да се обидат да ги продадат.

 

Исто така, дресот на Барселона следната сезона нема да го носат Адама Траоре и Лук де Јонг. Тие се враќаат во своите клубови Вулверхемптон и Севиља, а се очекува клубот да го напушти и играчот од средниот ред Миралем Пјаниќ.

 

Барселона засега го договори доаѓањето на Франк Кесие од Милан во слободен трансфер, а се најавуваат и дополнителни засилувања особено во дефанзивната линија.

 

Барселона сигурно ќе изгледа сосема поинаку во однос на претходната сезона и ќе видиме што ќе успеат да направат на теренот.

 

 

 

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.