SportM
Фудбал

Чави си постави цел за следната година: „Не можеме да загубиме таков фудбалер“

Д М20 дек 2021
Чави си постави цел за следната година: „Не можеме да загубиме таков фудбалер“

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез сака да го задржи еден од најталентираните играчи.

Каталонците имаат големи финансиски проблеми, а по заминувањето на Лионел Меси резултатите станаа катастрофални. Клубот не успеа да помине во нокаут фазата од Лигата на шампионите, па натпреварувањето продолжува во Европската лига.

Во Ла Лига и Барса многу се мачи, далеку е од самиот врв, но задачата на Чави е да го подготви тимот за во иднина, а еден од играчите на кои ќе се базира овој тим е играчот од средниот ред Гави.

„Треба брзо да го продолжиме договорот со Гави. Играчите како него ја претставуваат иднината на овој клуб. Сепак, разбирам дека тие работат напорно на преговорите за договор. Гави е основата за нас!“, рече Чави.

„Гави е спектакуларен, не можеме да загубиме таков фудбалер. Ниту Гави, ниту Нико, Педри, Абде, Фати или Араухо. Тие се темелот на нашата сегашност и нашата иднина“, додаде Чави на прес-конференцијата во пресрет на утрешниот натпревар.

17-годишниот Гави оваа година веќе играше за шпанската репрезентација, а во Барселона полека станува незаменлив иако штотуку е прекомандуван во првиот тим.

Тој оваа сезона веќе играше 15 пати во Ла Лига и има гол со три асистенции, а има максимални шест настапи во Лигата на шампионите. Иако има неполни 18 години, неговата пазарна вредност се мери во десетици милиони евра и се очекува да има одлична кариера.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.