Connect with us

Фудбал

Чави воведе уште едно правило во Барселона кое изненади многумина

Чави Ернандез пред седум дена и официјално беше претставен како нов тренер на Барселона.

Барселона реши да му врачи отказ на Роналд Куман поради слабите резултати, а Жоан Лапорта одлучи дека Чави е најдобрата опција за нов тренер на каталонскиот клуб.

Легендарниот Чави се врати на Камп Ноу по шест години минати во катарскиот Ал Сад. Свесен е дека го чека многу тешка работа, но верува дека може да ја врати Барселона во самиот врв на европскиот фудбал.

Чави веднаш по пристигнувањето во клубот реши да воведе неколку правила за играчите, но покрај тоа го смени речиси целиот стручен штаб.

Тој реши да ги доведе своите помошници со кои соработуваше во Ал Сад, па дури и го отпушти целиот лекарски тим на Барселона бидејќи сметаше дека не ја вршат добро работата.

Покрај тоа, Чави воведе правила за своите играчи кои меѓу другото сега мора да пристигнат 90 минути порано на тренинг, а мора да внимаваат какви работи објавуваат на социјалните мрежи.

Во центарот на вниманието беше правило за Жерар Пике кому Чави му забрани да патува надвор од градот поради приватни обврски и дека тоа може да го прави само кога е на одмор.

Но, тоа не беше сè од новитетите кои Чави реши да ги воведе во Барселона. Имено, тој донесе одлука и во врска со тренингот на денот на натпреварите кои каталонскиот клуб ќе ги игра на домашен терен.

Така Чави реши Барселона да тренира наутро на Камп Ноу на денот на домашните натпревари, што долго време не беше случај.

Кике Сетиен беше првиот што го воведе правилото за тренирање на денот на натпреварот, но тоа никогаш не беше направено на главниот терен. Но сега Чави одлучи тренингот на денот на натпреварот да го одработи на Камп Ноу, а првиот е закажан за викендот пред градското дерби против Еспањол.

Реклама

Facebook

Реклама