SportM
Фудбал

Чави за Дембеле и преселбата во ПСЖ: „Никогаш не се знае“

Д М30 јул 2023
Чави за Дембеле и преселбата во ПСЖ: „Никогаш не се знае“

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез, на прес-конференцијата по подготвителниот натпревар меѓу Каталонците и Реал Мадрид зборуваше за Французинот Усман Дембеле и неговиот статус во клубот.

Дембеле беше стрелец  во 15. минута за Барселона во меч кој заврши 3:0. Тој се поврзува со Пари Сен Жермен, иако неговиот договор е до 2024 година.

Чави не ја пропушти можноста да не го истакне талентот на Французите.

“Веќе сум кажал многу пати. Тој може да биде најдобар во светот на својата позиција. Имам доверба во него, како и тој во мене”, изјави Чави.

Не беше избегнато ниту прашањето за намерата на парижаните да го доведат во своите редови.

“Не можеме да го контролираме пазарот. Има клаузули, одлуката е на него. Ќе видиме, никогаш не се знае во преодниот рок. Мислам дека Усман е среќен во Барселона. Ако има било какви проблеми, тој би рекол. Тој е тука за сега“, рече тој, беше конктретен поранешниот голем ас на светскиот фудбал.

Дембеле е во Барса од 2017 година и за тоа време освои три Ла Лига, два Копа дел Реј и два шпански Суперкупа.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.