Чеферин доби нов мандат – Словенецот е на чело на УЕФА до 2027 година, целта е борба против Суперлигата!

Словенецот Александар Чеферин ќе остане претседател на УЕФА до 2027 година, беше изгласано денеска на Конгресот во Лисабон.
Чеферин немаше контракандидат, а очекувано остана на чело на европската куќа на фудбалот.
За време на својот говор по инаугурацијата, Словенецот најмногу внимание посвети на борбата против идејата за европската суперлига, која сè уште е „жива“ и рече дека нејзините креатори се претвориле во волк преправен во баба од приказната Црвенкапа.
„Тука имаме два спротивставени погледи на светот. Имаме цинизам над моралот, имаме себичност над солидарноста, имаме алчност над добронамерност. Самоапсорпција над отвореноста кон другите, личен интерес пред алтруизмот, срамни лаги над вистината, наследници над градежниците, картелот над меритократијата и демократијата, цените на акциите над спортските заслуги, стремежот кон профит над трката за трофеи “, започна Словенецот, а потоа продолжи.
„Во последните неколку години видовме како пејзажот на европскиот фудбал се промени до непрепознатливост, дури и непромислен начин, кој пркоси на секоја логика и принципи“, смета тој.
Чеферин на крајот посочи дека ваквата приватизација на фудбалот мора да се прекине.
„Мораме да го скршиме митот дека приватизацијата на фудбалот е незапирлив процес. Тоа е моментална опасност, како што видовме, но заедно ќе го смениме текот на историјата. Фудбалот е и секогаш ќе остане народен спорт“, заклучи претседателот на УЕФА .



