SportM
Фудбал

Челниците на Милан испратија јасна порака до ПСЖ: Заборавете на него!

Д М21 мај 2020
Челниците на Милан испратија јасна порака до ПСЖ: Заборавете на него!

Иако се надеваа дека ќе обезбедат доведување на одличниот лев бек од Милан, Тео Ернандез, се чини дека ништо од тоа нема да се случи.

Управата на Милан нема ни да помисли да го продаде Тео Хернандез, а причината е што ПСЖ реши да се „ценка“.

Во Милан беа подготвени да го пуштат Хернандез во ПСЖ, но за 50 милиони евра, затоа што сметаат дека овој одличен фудбалер вреди толку многу пари.

Сепак, не размислуваа така во ПСЖ, па дојдоа со понуда од 30 милиони евра, а челниците не Милан не размислуваа многу кога решија да ја отфрлат понудата.

Според италијанските медиуми, управата на Милан треба сериозно да размисли да го ослободи Ернандез за 50 милиони евра, но да се оди за помалку пари, нема шанси.

Тој е еден од најдобрите играчи во тимот оваа сезона, а на 25 одиграни натпревари на сите натпреварувања, постигна шест гола и забележа три асистенции.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.