SportM
Фудбал

Челзи донесе еден од најголемите африкански таленти

Д М28 дек 2022
Челзи донесе еден од најголемите африкански таленти

Челзи го донесе Датра Фофана (20) од норвешки Молде за 12 милиони евра. Фофана оваа сезона за Молде постигна 21 гол и забележа седум асистенции на 37 натпревари. Тој е еден од најталентираните млади фудбалери во Европа, кој се издвојува по својата неверојатна брзина и дриблинг.

Молде го донесе бесплатно пред една година.

Норвежаните го донесоа бесплатно во февруари минатата година и за една година успеаја да заработат од него 12 милиони евра. Фофана има три официјални настапи за репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска. Тој се истакна со одличен гол во Конференциската лига во август, кога ја зеде топката на својата половина, помина пет противнички играчи и постигна гол.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.