SportM
Фудбал

Челзи го надигра Шефилд Јунајтед

Д М7 ное 2020
Челзи го надигра Шефилд Јунајтед

Фудбалерите на Челзи остварија сигурна победа на домашен терен против Шефилд Јунајтед со 4:1.

Домашниот тим беше фаворит на овој натпревар, и на крајот апсолутно ја оправдаа таа улога на теренот.

Не помина се баш добро за тимот на Челзи бидејќи примија гол на самиот почеток на натпреварот. Имено, во 9-тата минута МекГолдрик ги донесе гостите во водство.

Сепак, домашниот тим го сврте резултатот во своја полза до крајот на првото полувреме. Најпрво Абрахам израмни во 23-та минута, а водството за домашниот тим го донесе Чилвел со погодок во 34-та минута.

Уште два гола беа постигнати во второто полувреме, двата во мрежата на гостите. Стрелци беа Силва во 77.минута и Вернер во 80.минута од мечот.

Одлична партија одигра Зијеш кој запиша две асистенции, но создаде уште неколку шанси за своите соиграчи, но тие не ги искористија.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.