SportM
Фудбал

Челзи го прави Кукуреља најскап дефанзивец

Д М5 авг 2022
Челзи го прави Кукуреља најскап дефанзивец

Кукуреља е на Челзи. Не, сепак е Брајтон. Луди 24 часа кога е во прашање трансферот на шпанскиот лев бек од Брајтон во Челзи. Но, и покрај спротивставените изјави, еден од најбараните играчи во овој преоден рок пристигна во Лондон, каде успешно ги мина лекарските прегледи и стана нов играч на Челзи.

Еден од најсигурните инсајдери, Фабрицио Романо, прв објави дека е постигнат договор меѓу двата клуба и дека Чукуреља дефинитивно му припаѓа на Челзи. Иако веднаш следеше демантот на Брајтон, Романо не го симна тој твит и го задржа на самиот врв.

 

Како да беше сигурен во својата ексклузивност. А потоа објави дека Шпанецот е во Лондон и прави лекарски прегледи. Тоа е веќе завршен чекор, а добивме и потврда за трансферот. Кукуреља на крајот замина во Челзи за 60 милиони евра, со уште 10 милиони евра бонуси, кои доколку се соберат ќе го направат најплатениот дефанзивец во историјата на фудбалот.

Кукуреља долго време беше мета на Сити, но Граѓаните не се согласија со цената на Брајтон од 60 милиони евра. Челзи навистина донесе нов лев бек, бидејќи веќе ги има Чилвел и Маркос Алонсо во својот тим.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.