Челзи го претстави Тухел

Германскиот тренер Томас Тухел сега и официјално е нов менаџер на Челси.
Челзи објави дека Тухел е новиот менаџер, откако Френк Лампард беше отпуштен вчера.
Тухел работеше во ПСЖ две и пол години, каде неодамна доби отказ и ќе стане првиот Германец кој ќе седне на клупата на „сините“.
Освои четири трофеи во Париз и играше во финалето на Лигата на шампионите, а претходно работеше во Германија седум години како тренер на Мајнц и Борусија Дортмунд.
Тој потпиша договор на 18 месеци со опција за продолжување на дополнителна година.
“Сакам да му се заблагодарам на клубот за довербата. Секој во мојот тим има почит кон Френк Лампард и сè што направи за Челзи. Во исто време, едвај чекам да ги запознаам играчите и да се натпреварувам со нив во највозбудливата лига во светот. Благодарен сум што сум дел од семејството Челзи, чувството е одлично “, рече Тухел.
Welcome to Chelsea, Thomas Tuchel! ✍️🔵 #WelcomeTuchel
— Chelsea FC (@ChelseaFC) January 26, 2021



