Челзи испраќа спектакуларна понуда до Тотенхем: Неколку sвезди и пари за Кејн!

Англискиот напаѓач Хари Кејн одлучи да го напушти Тотенхем на крајот на сезоната.
Кејн донесе одлука за промена на тимот и неодамна му го кажа тоа на раководството на клубот. Спарс се подготвени да го пуштат во знак на благодарност за сè што направи за клубот, но секако дека е потребна и добра понуда да дојдат на нивна адреса.
Сите екипи од врвот на Премиер лигата ја разгледуваат можноста за ангажман на Кејн, а Челзи подготви понуда што Спарс тешко дека ќе ја одбие.
ЕСПН објави дека Челзи се подготвени да им понудат на Спарс неколку првотимци и плус пари. За напаѓачот Тами Абрахам и голманот Кепа Аризабалага се смета дека се безбедни во тој „пакет“.
Трансферот не е лесен со оглед на тоа што Кејн има уште три години од договорот со Спарс, а претседателот Даниел Леви најверојатно ќе бара отштета од 150 милиони фунти.
Она што не оди во прилог на Челзи е фактот дека сопственикот на Тотенхем, Даниел Леви нема многу добри односи со Роман Абрамович и избегнува да работи со Челзи.
Освен „сините“, Кејн е посакуван од Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити, а се поврзува и со Реал Мадрид.
27-годишниот напаѓач конечно сака да се бори за трофеи и затоа го напушта Тотенхем, каде што порасна.



