Connect with us

Фудбал

Челзи, Јунајтед и Лестер го контактираа агентот на Кутињо

Објавено:

Сега е скоро сигурно дека Филипе Кутињо нема да остане во Баерн Минхен.

Тој има мали шанси да остане во Барселона, сепак не треба да се грижи, бидејќи ќе има многу понуди на масата во текот на летото.

Многу клубови се заинтересирани за Бразилецот, претежно Челзи кој е предводен од Френк Лампард, оставајќи ги настрана Манчестер Јунајтед и Лестер Сити.

Според „Мундо Депортиво“, клубовите за кои станува збор веќе контактирале со агентот на Кутињо и ќе има борба во текот на летото за да се обезбедат услугите на поранешниот играч од средниот ред на Ливерпул.

Изненадувачки, Кутињо иако блескаше во Ливерпул, не ја убеди Барселона, заминувајки на заем во Баерн со право на одкуп за 120 милиони евра, но германскиот клуб нема да ја активира клаузулата.

Advertisement
Реклама
Реклама

Facebook

Реклама
Реклама