Челзи покажува интерес за Икарди
Д М24 фев 2020

Челзи бараат опасен напаѓач за следната сезона и го гледаат напаѓачот на Интер кој е на позајмица во ПСЖ.
Мауро Икарди стана мета на Челзи.
Францускиот клуб има опција да го откупи договорот на Икарди за 65 милиони евра.
Но, шампионите во Лига 1 допрва треба да одлучат дали ќе ја искористат оваа можност.
27-годишниот го сака тренерот Френк Лампард во Лондон бидејќи не е задоволен од досегашната офанзивна фаза на својот тим.
Јувентус неодамна покажа интерес за аргентинскиот репрезентативец.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



