Connect with us

Фудбал

Четворица играчи на Манчестер Сити нема да добијат шампионски медали!

Вчера Манчестер Сити ја освои четвртата последователна титула на шампионот на Англија, а четворицата играчи кои оваа сезона го носеа дресот на Граѓаните нема да добијат медали за победникот на лигата. Имено, според правилата на Премиер лигата, освојувачот на шампионската титула добива 40 медали, кои се делат меѓу играчите и членовите на стручниот штаб.

Медалот по правило го добиваат играчи кои имаат најмалку пет настапи во една сезона, а тој критериум го исполниле 21 фудбалер на Сити. Но, она што е уште поинтересно е што четворица фудбалери не го исполнија тој критериум. Ѕвездата на Челзи, Кол Палмер, кој има 22 гола и 10 асистенции оваа сезона, ја започна сезоната како играч на Сити и забележа еден настап пред да се пресели во лондонскиот клуб.

Палмер играше во првиот осминафинален натпревар против Барнли, а интересно е што тоа беше единствениот настап за Ајмерик Лапорте, кој по тој меч се пресели во Саудиски Ал-Наср. Еден настап забележа и Џејмс Мекати, по што беше позајмен во Шефилд Јунајтед, а за медалот најмногу ќе жали Калвин Филипс. Имено, репрезентативецот на Англија во есенската полусезона одигра четири од вкупно 21 натпревар. Во тие преостанати 17 натпревари седеше на клупата за резервни играчи, а Пеп Гвардиола не му даваше шанса. Потоа беше позајмен во Вест Хем во јануари, што значи дека беше на само еден натпревар до освојување на медал.