Други спортови
Четврта последователна победа на Сузука за Верстапен

Актуелниот светски шампион во Формула 1, возачот на Ред Бул, Макс Верстапен утрово победи на трката за ГН на Јапонија на патеката „Сузука“.
Возачот на Мекларен Ландо Норис го освои второто место со +1,423 секунди заостанување зад лидерот. Трет беше неговиот клупски колега Оскар Пјастри (+2,129).
При излезот по првиот пит стоп, Верстапен и Норис за малку ќе се судреа. Британецот беше принуден да направи заобиколување на тревата, поради што загуби околу секунда.
Верстапен победи на првата трка во сезоната 2025 година и четврта година по ред во Сузука.
Следната етапа од Формула 1 шампионатот ќе се одржи во Бахреин на 13 април.
Во Генералниот поредок за возачи, води Норис со 62 бода, Верстапен е втор со 61, трет е Пјастри со 49.
Кај конструкторите води Мекларен со 111 пред Мерцедес со 75 и Ред Бул со 61.