Четврти натпревар во Лига 1 одложен поради протестите во Франција
Д М6 дек 2018

Започнатите антивладини протести во Франција продолжуваат да бидат причина за одложување натпревари од локалната Лига 1. Новиот дуел овој викенд, кој отпаѓа од програмата, е оној меѓу Сент Етиен и Олимпик Марсеј, кој требаше да се одигра во недела.
Поради протестите, кои ги зафатија најголемите француски градови, полицијата одлучи дека ќе биде подобро да ја одложи средбата од безбедносни причини. Досега четири мечеви отпаднаа од програмата за 17-тиот круг.
Покрај Сент Етјен – Олимпик Марсеј, во петок нема да се игра дербито помеѓу Монако и Ница, а во сабота беа откажани средбите ПСЖ – Монпелие и Тулуз – Олимпик Лион. Меѓутоа, можно е да не се играат повеќе натпревари.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



