Connect with us

Фудбал

Човекот што Барселона очајно го посакува на клупата: Навистина нема ништо

Иднината на Роналдо Куман на клупата на Барселона е под големо прашање.

Холандскиот стручњак е на чекор до отказ, а најголем кандидат за нов тренер на каталонскиот клуб е актуелниот селектор на Белгија, Роберто Мартинез.

Во изјава за Еуроспорт, Мартинез посочи дека нема контакт со Барселона.

“Јас како наследник на Роналд Куман? Навистина нема контакт за да коментирам ништо. Секогаш има шпекулации и тоа е сосема нормално во фудбалот”, рече Мартинез.

48-годишниот шпански стручњак својата тренерска кариера ја започна во 2007 година на клупата на Свонси.

Потоа работеше четири години во Виган, три во Евертон, пред да стане селектор на Белгија во 2016 година.

Наводно, тој е најголемата желба на Лапортa, но тој е и најевтината опција од сите, бидејќи неговата „слобода“ од Фудбалскиот сојуз на Белгија чини 1,8 милиони евра.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама