SportM
Фудбал

Чудни казни во Лајпциг: Продавање дресови, служење пијалоци, играње во балетски фустанчиња…

Д М15 сеп 2018
Чудни казни во Лајпциг: Продавање дресови, служење пијалоци, играње во балетски фустанчиња…

Често се случува во фудбалскиот Свет поради слаби настапи на играчите, клубот да ги казни парично своите играчи. Ретко се случува да биде некој избркан од клубот (освен ако не предизвикал некој тежок инцидент).

Меѓутоа од таборот на Бундес-лигашот Лајпциг имаат сосема спротивно мислење. Имено, нивниот тренер Ралф Рагник се сетил да ги казнува играчите со многу чудни методи. Така фудбалерите во соблекувалната вртат „тркало на среќата“ и кој на што ќе застане тоа ќе мора да го прави.

Затоа интересно е тоа какви работи има на тркалото на среќата. Има на пример служење на пијалоци во ресторанот на Лајпциг, потоа минување три часа во фан-шопот на клубот како продавач на спортска опрема, играње балет со балетски фустанчиња, чистење на клупскиот автобус. Исто така тука е играње на натпревар со младите категории

Рагник забрани користење на мобилните телефони, а оброците на играчите од сега се во исто време. Тренерот на Лајпциг вов21 соблекувалната посакува да слуша само германски и англиски јазик. Кој нема да ги почитува овие правила, ќе го врти тркалото. Па што ќе му падне, ќе мора да си „одработи“.

Извор:ТВ21

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.