SportM
Фудбал

Ајакс го воодушеви целиот фудбалски свет со најавата за натпреварот

Д М4 окт 2022
Ајакс го воодушеви целиот фудбалски свет со најавата за натпреварот

Денеска се играат натпревари од Лигата на шампионите, а интересен ќе биде натпреварот во Амстердам.

Противник на Ајакс на вечерашниот натпревар ќе биде тимот на Наполи, кој игра навистина добро оваа сезона, а на овој натпревар се очекуваат многу голови.

Пред натпреварот официјалниот твитер налол на Ајакс на феноменален начин го најави мечот оставајќи ги воодушевени навивачите на двата тима.

 

Тие објавија графика на која се прикажани починатите легенди на овие клубови, а секако станува збор за Јохан Кројф и Диего Марадона.

Тие двајца, на прикажаната графика, седат облечени во дресови на тросед, а се сместени некаде на облаците.

Дополнително, очигледно е дека ја следат најавата за вечерашната пресметка меѓу екипите за кои дадоа се во кариерата.

 

Навистина брилијантно дизајниран од луѓето кои се справуваат со овие работи во Ајакс, а сето тоа е поддржано од навивачите на Ајакс и Наполи.

Кога станува збор за самиот натпревар, Наполи во овој меч влегува со шест бода, а е во нешто подобра позиција во однос на Ајакс кој има три бода.

Така Наполи, барем на хартија, е благ фаворит, но тешко е да се очекува дека ќе има лесна работа, особено што и Ајакс има многу добри фудбалери.

Останува да видиме кој подобро ќе се снајде, а чија легенда би била погорда на својот клуб, секако дека е меѓу живите.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.