SportM
Фудбал

Даглас Коста е заситен од Баерн

Д М26 фев 2021
Даглас Коста е заситен од Баерн

Крилниот напаѓач Даглас Коста призна дека сака да се врати во Италија.

Минатото лето, Коста дојде во Баерн на позајмица од Јувентус и во едно интервју призна дека веќе сака да се врати во Италија, бидејќи тренерот Ханси Флик не смета доволно на него.

“Би сакал да се вратам во Италија, земја која многу ја ценам. Ќе видиме што ќе се случи, но сепак имам договор со Јувентус”, изјави Коста, чија позајмица во Минхен важи до крајот на сезоната.

Тој има договор со Јувентус до летото 2022 година. Баерн не планира да го задржи крилниот напаѓач кој помина само 314 минути на теренот.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.