Connect with us

Фудбал

Дали Борусија е оштетена против Сити? Контроверзната одлука на Романците остави многумина во неверување (ФОТО+ВИДЕО)

Published

on

Манчестер Сити ја совлада Борусија Дортмунд со 2-1 во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите на „Етихад“.

Граѓаните влегоа во натпреварот како големи фаворити, но со многу мака дојдоа до триумф против германскиот великан и го постигнаа победничкиот гол во 90-та минута од средбата.

Сепак, големо внимание привлекоа деталите од финишот на првиот дел кога, според мислењето на многумина, беше направена голема грешка од романскиот судија Овидиу Хатеган.

Белингем успеа да му ја одземе топката на нозете на голманот на Манчестер Сити, Едерсон, кој потоа го волеј го удри ѓонот на младиот играч за врска на Борусија.

За судијата од Романија, ова беше фаул над голманот. Белингем дури доби жолт картон и играчите на Борусија не се согласија со оваа одлука по натпреварот.

Многумина веруваат дека тимот на Дортмунд бил оштетен во овој случај и дека немало прекршок над Едерсон.

Пресудете сами.

Facebook