Дали е можно? Во Серија А се повторува истиот скандал, истите клубови и истиот „натпревар“ како минатата сезона

На Серија А и се заканува нов скандал, практично идентичен како минатата сезона, а актерите се исти.
Во сезоната 2020/21, Јувентус беше домаќин на Наполи, но натпреварот не се одигра бидејќи локалниот кризен штаб (ASL) го забрани заминувањето на Наполитанците во Торино.
Серија А првично го регистрираше натпреварот со 3:0 за Јувентус, но по жалбите на клубот од југот на Италија, беше одлучено да се одигра нов натпревар, кој Бјанконерите го добија со 2:1.
Практично идентична ситуација се случува и оваа сезона. Во четврток во Торино треба да играат Јувентус и Наполи, но натпреварот е доведен во прашање.
Медиумите на Апенините навестуваат дека АСЛ може повторно да го блокира заминувањето на Наполи, бидејќи во овој клуб има многу позитивни случаи на коронавирус.
Последен меѓу позитивните е тренерот Лучијано Спалети, заедно со неколку позитивни играчи од првиот тим и стручниот штаб.
Сличен проблем има и Салернитана, на која АСЛ веќе му забрани да гостува во Удинезе, а ист е случајот и со претстојниот натпревар против Венеција.
Во меѓувреме, Леге Серија А објави дека протоколот не предвидува никакво одложување на натпреварите, без разлика на бројот на заразени.
Така што нема да биде изненадување ако во четврток во центарот на Торино ги гледаме само играчите и официјалните лица на Јувентус, исто како и минатата сезона.



