SportM
Фудбал

„Дали е сè во ред во Милано? Ме ограбија и ми вперија пиштол во лицето!“ (ФОТО)

Д М9 јун 2020
„Дали е сè во ред во Милано? Ме ограбија и ми вперија пиштол во лицето!“ (ФОТО)

Фудбалерот на Милан очигледно го преживеал нападот на крадците, а тој ги известил своите фанови на Инстаграм.

Самуел Кастиљо, крилото на росонерите, објави дека беше мета на двајца крадци кои, според него, го ограбиле, а потоа и му впериле пиштол.

„Дали е сè во ред во Милано? Само што бев ограбен од двајца крадци кои ми вперија пиштол во моето лице“, напиша Шпанецот и деталите веројатно ќе ги дознаеме подоцна од италијанските весници.

Патем, инцидентот се случил само три дена пред возвратниот натпревар од полуфиналето на Купот, во кој Милан гостува кај Јувентус, додека сезоната во Серија А ќе продолжи на 20 јуни. Кастиљо беше важен за тимот минатата сезона бидејќи редовно играше на десното крило.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.