Дали е време да ја препушти топката на Пјаниќ? Роналдо ги промаши последните 38 слободни

Најдобриот играч на Јувентус, Кристијано Роналдо, имаше еден недостаток во последните години. Тој постојано изведува слободни удари, иако докажа дека не е голем мајстор за тоа.
Пред да пристигне Роналдо во Јувентус, Старата дама беше позната како тим кој беше крајно опасен од слободни удари затоа што ги изведуваа Пауло Дибала и Миралем Пјаниќ. Сепак, од доаѓањето на Роналдо, двајцата помалку или повеќе се повлекоа, оставајќи ја топката на Роналдо, а самиот Роналдо не се сеќава на последниот пат кога погоди од слободен удар.
Специјалистот за фудбалска статистика Опта објави дека Роналдо ги промашил последните 25 слободни удари во ЛШ и го повикува да ја препушти топката на Пјаниќ, како што може да се заклучи од нивниот твит.
0/25 – 🇵🇹 Cristiano Ronaldo’s last 25 direct free kick shots in the Champions League:
❌
❌
❌
❌
❌
❌
❌
❌
❌
❌
❌
❌
❌
❌
❌
❌
❌
❌
❌
❌
❌
❌
❌
❌
❌
Pjanic?#OLJuve pic.twitter.com/KtkMtbqFM9— OptaJean (@OptaJean) February 26, 2020
Уште полошо е фактот дека, кога ќе го видиме сите натпреварувања, тој ги промаши последните 38 слободни удари. Португалецот синоќа имаше и еден слободен удар против Лион, но само го погоди живиот ѕид. Тоа беше 24-ти пат од последните 38 слободни да го погоди живиот ѕид, 11 пати голманот одбрани, двапати промаши гол и еднаш ја погоди пречката.
https://www.facebook.com/SPORTbible/posts/3913409432137893
Треба да биде фер да се каже дека синоќа тој го остави другиот слободен на Пјаниќ, но и тој не успеа да постигне гол.
Сепак, генерално гледано, Роналдо може да се пензионира во наредниот период кога станува збор за слободните удари и да остави малку повеќе простор на Пјаниќ и Дибала. Ако ништо друго, статистиката така кажува…



