Фудбал
Дали ги оштети: Неверојатната одлука на главниот судија предизвика гнев во Барселона (ВИДЕО)
Барселона синоќа доживеа неочекуван пораз на домашен терен од Рајо Ваљекано со 1:0.
Рајо Ваљекано по 22 години успеа да слави на Камп Ноу и тоа беше само втора победа во историјата на овој клуб на гостувањето против Барселона.
Каталонскиот клуб очигледно е во резултатска криза во последните неколку недели, а Барселона по овој натпревар се жалеше на судењето поради неколку контроверзни одлуки.
На крајот од мечот домаќините бараа пенал кога Гави беше соборен во шеснаесетникот на гостите, а сите на стадионот мислеа дека судијата ќе покаже на белата точка, но тој не го стори тоа.
Барселона потоа побара од судијата да стапи во контакт со ВАР-собата и да погледне снимка од дуелот, но беа изненадени кога тој рече дека нема да се гледа бидејќи помошниот судија сигнализираше офсајд.
Сепак, потоа беше претставена ситуацијата на оваа акција и беше јасно дека Гави не е во офсајд, што само дополнително го предизвика гневот на членовите на Барселона.
За нив е неверојатно дека судиите не гледале ВАР во оваа ситуација и сметаат дека Барселона е тешко оштетена што не се случува првпат во ваква ситуација.
И оваа ситуација покажа дека судиите во Шпанија се далеку зад најдобрите во Европа. На многумина не им е јасно како судијата не побара да провери дали е офсајд, но веруваше во одлуката на неговиот помошник, која очигледно беше погрешна.
Во продолжение на акцијата еден од одбранбените играчи Рајо Ваљекано го собори Гави, а дали тоа беше пенал можете сами да процените кога ќе го погледнете видеото во продолжение.