Дали мислите дека навивачите на ПСЖ се разгалени? Нивното официјално соопштение ќе ве разубеди

ПСЖ е клуб составен од големи ѕвезди и со години е речиси невозможно да се следат во Франција.
Се случува, секако, ПСЖ да не ја круниса на посакуваниот начин оваа доминација, па така минатата сезона Лил сосема неочекувано беше шампион на Франција, но оваа сезона парижаните имаат убедлива предност и тешко дека некој ќе ги запре на пат до титулата.
Во неделата, фудбалерите на ПСЖ го совладаа Лил на гости со 5:1, но не толку одамна неочекувано испаднаа од Купот од Ница. Навивачите на францускиот великан се загрижени за една работа, а тоа е дека главниот фокус и понатаму ќе биде ставен на Лигата на шампионите и дека се останато ќе се игнорира.
Многу богатите сопственици на ПСЖ го посакуваат првиот трофеј во Лигата на шампионите, а понекогаш поради тоа страдаат и во домашните натпреварувања, што очигледно не им се допаѓа на навивачите, а сега тоа го објавија и јавно преку соопштение.
Во него се наведува дека им е доста од се и дека трпението им е при крај.
“Клубот одамна нè запозна со лице кое не го поддржуваме. Лице на клуб кој сака да биде глобален бренд. Продава дресови, заборавајќи ги своите бои. Лицето на клубот кој посегнува по ѕвездите како разгалено дете, без разлика на последиците. Лицето на клубот кој сака да биде доволно големо, да остава впечаток дека сезоната почнува во февруари и ги презира националните трофеи. Не го признаваме нашиот клуб кој изгуби ДНК. Денес трпението ни ги достигна границите!“, изјави симпатизерот на парискиот клуб.
Навивачите ги нервира и тоа што на ѕвездите кои доаѓаат во клубот им се дава се што сакаат, особено отстапувањето на клупските челници од традицијата, па нема црвени ленти на дресовите за оваа сезона кои го красеа предниот дел од дресот. Овој пат тенка линија се појави само на јаката и ракавите.
Во последната изјава навивачите го критикуваат „неразбирливото раководење со клубот“, посочуваат „постојани смени на тренери“ и посочуваат „играчи на кои фудбалот веќе не им е приоритет“.
Оваа најава на навивачите на ПСЖ доаѓа непосредно пред нокаут фазата од Лигата на шампионите и првиот меч со Реал Мадрид кој ќе се одигра на 15 февруари.
„И покрај нашите разочарувања, ние секогаш ја дававме нашата поддршка. Денеска повикуваме на тревога. Играчи, активисти, крајно време е да реагираме, во спротивно ќе бидеме разочарани. Почитувајте не, почитувајте ги нашите бои“, заклучија тие.



