SportM
Фудбал

Дали Мурињо добива засилување од Јувентус?

Д М14 јун 2020
Дали Мурињо добива засилување од Јувентус?

Јувентус со седиште во Торино, наводно го понудил играчот од средниот ред Арон Ремзи на позајмица во Тотенхем Лондон.

Ремзи не се снајде добро во редовите на „Старата дама“ уште од доаѓањето од Арсенал и на големо се шпекулира дека ќе го напушти клубот по само една сезона.

Италијанските медиуми тврдат дека Ремзи би можел да се искористи како еден од играчите за размена во наредните месеци, но „The Sun“ тврди дека тој бил понуден на позајмица во Тотенхем.

Бјанконерите се обидуваат да се ослободат од неговиот огромен договор. Тие прават сé за да го спречат Ремзи да не биде жител на Торино следната сезона, па решија да му го понудат на Тотенхем.

Секако, Жозе Мурињо ќе го има последниот збор за оваа понуда во договор со управата на Спарси. Платата е она што е проблем затоа што Велшанецот заработува 400.000 фунти неделно во Торино.

Сепак, Јувентус е вистински експерт за трансфери и нема да е ни чудо ако успеат да се ослободат од Ремзи.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.