Дали невозможното ќе стане возможно? Потребни се две трансакции за Барселона да го потпише Левандовски

Роберт Левандовски изјави дека не сака да го продолжи договорот со Баерн, а прашање е само дали ќе си замине ова или следното лето кога ќе му истече договорот.
Клубот кој најмногу се поврзува со него е Барселона, но работите не се толку едноставни.
Хавиер Тебас, претседателот на Ла Лига, со соопштение го доведе во прашање трансферот на Роберт Левандовски од Баерн во Барселона.
Истиот Тебас пред една година изјави дека Барса нема да може да го продолжи договорот со Меси поради огромен минус и тоа се случи, па каталонската легенда ја прифати понудата на ПСЖ и си замина како слободен играч.
Барселона знае дека Тебас е во право и затоа очајно бара решенија за да донесе напаѓач со големина на Левандовски.
Марка денеска објави дека Матеу Алемани ги прави потребните пресметки за парите заработени од трансферот на некои играчи да се вложат во нови. Како Левандовски. Сепак, неговата задача е многу тешка се додека клупската ситуација дозволува од секои добиени 3-4 евра само едно да може да се реинвестира во друг играч.
Првиот чекор Каталонците го направија со трансферот на Кутињо кој чинеше вкупно околу 40 милиони евра, што значи дека оттаму за Левандовски на располагање им стојат 13 милиони евра.
Од друга страна, претседателот Жоан Лапорта одделно преговара за трансфер на 49 отсто од акциите на Барса Лиценсинг и Мерчендајзинг и Барса студио. Ако успее, тогаш работите ќе бидат поедноставни. Но, дотогаш тоа изгледа речиси невозможно.
„Бројките се едноставни, кога имате загуба од 500 милиони евра во последните две години, треба да ја надополните за да можете да ангажирате други играчи“, рече шефот на Ла Лига.
Левандовски има уште една година во Баерн, а освен тоа што сака да го заработи, Баерн сака и трансфер, па не го гледам во Барселона“, додаде Тебас.
Според прописите на Ла Лига, шпанскиот клуб не може да има буџет за плата кој надминува максимум 70 отсто од приходите на клубот.



