SportM
Фудбал

Дали Роналдо ќе го напушти Јувентус? Одговори спортски директор на „Бјанконерите“

Д М15 окт 2019
Дали Роналдо ќе го напушти Јувентус? Одговори спортски директор на „Бјанконерите“

Газдите на италијанските клубови потврдуваат дека Португалцот има големи планови со „Бјанконерите“

Кристијано Роналдо нема да го напушти Јувентус во блиска иднина.

Ова го потврди и спортскиот директор на италијанскиот првак, Фабио Паратити.

Според него, португалската sвезда е тотално фокусирана на „Бјанконерите“, со кого има за цел да освои брјони трофеи.

„Тој е многу фокусиран на тековните цели. Не верувам во шпекулациите дека тој може да замине на крајот на сезоната или подоцна“, рече Паратити.

Роналдо има договор со Јувентус до 2022 година.

Роналдо синоќа стигна до 700 голови во кариерата, што се постави уште еднаш меѓу легендите на фудбалот.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.