Дали Самуел Ето се враќа на теренот?
Д М18 ное 2020

Легендарниот камерунски напаѓач Самуел Ето би можел да се врати на терените.
Денес, 39-годишниот Ето доби понуда од шпанскиот нисколигаш Мурсија да се приклучи во нивните редови и со тоа да ја оживее кариерата што ја заврши во 2019 година.
Амбициозниот претседател на клубот, Морис Пагниело, за „Марка“ изјави:
“Во моментов, шансите се 50-50 да го потпишеме. Следната недела, ќе знаеме сè, и ако не успееме, подготвен е план Б”, рече тој.
Враќањето на Ето сигурно би предизвикало големо внимание и нема сомнеж дека и на 39-годишна возраст тоа би значело многу за играта на мал тим.
Сепак, се поставува прашањето за физичката состојба на овој некогаш одличен фудбалер, со оглед на тоа што повеќе од една година е надвор од фудбалот.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



