Дали титулата на Манчестер Сити што ја освои во 2014 година ќе заврши во рацете на Ливерпул?

Манчестер Сити е казнет со парична казна од страна на Европската фудбалска федерација (УЕФА) и двегодишна забрана за натпреварување во европски натпреварувања.
УЕФА оваа одлука ја донесе поради непочитување на финансискиот фер-плеј на Сити од 2012 до 2016 година, а покрај суспензијата, граѓаните беа казнети со 30 милиони евра.
Раководството на англискиот шампион најави жалба до Судот за спортска арбитража во Лозана (КАС), кој на крајот ќе донесе конечна одлука за овој случај, но Сити по се изгледа дека нема да добие.
Фудбалската асоцијација на Англија ја објави и можноста за казна за тимот од Манчестер. Прекршувањето на правилата на УЕФА се смета за автоматско кршење на правилата на Фудбалската асоцијација и постои можност Сити да биде лишен од шампионски поени, па дури и поени од претходните сезони.
„Дејли меил“ тврди дека Граѓаните би можеле да ја изгубат титулата што ја освоија во 2014 година. Со оглед на тоа што во овој период се случија малверзации во клубот, постои можност да се одземат поени за сезоната 2013/2014.
Ако тоа се случи, Сити ќе ја изгуби титулата што ја освои во 2014 година и таа ќе отиде во рацете на Ливерпул, кој ја заврши сезоната како второпласиран со два бода зад Сити.
Сепак, Фудбалската асоцијација сè уште нема поднесено обвинение против актуелниот шампион. Тие сè уште официјално не објавија ништо, иако веќе се зборува за одземање на поени во Англија.
Исто така, во прашање е и чудесната титула во 2012 година која Един Џеко и Серхио Агуеро им ја донесоа во последните секунди, но ова е помалку веројатно во однос на 2014 година.
Сепак, сè ќе биде предмет на истрага и поени сигурно ќе бидат одземени ако се испостави дека Сити е навистина виновен, па Ливерпул одеднаш би можел да излезе со титула во 2014 година.
Потсетете се на таа година, несреќното лизгање на легендарниот Стивен Џерард во мечот против Челси и погодокот на Демба Ба им ја донесе титулата на Ливерпул од пред нос и тоа заврши во синиот дел на Манчестер.
https://youtu.be/fk59UYU7fJw



