SportM
Фудбал

Далиќ: Мароко ме потсетува на нас од пред четири години

Д М17 дек 2022
Далиќ: Мароко ме потсетува на нас од пред четири години

Селекторот на Хрватска, Златко Далиќ, со изборни зборови проговори за противникот во мечот за третото место на Светското првенство во Катар, Мароко.

– За нас утре големото финале против репрезентација која ме потсетува на нас пред четири години. Таму никој не ги очекуваше. Со својот квалитет, заедништво и голема поддршка успеаја да се пласираат во полуфиналето и да се изборат за третото место. Ова е голем натпревар за нас, свесни сме за тоа, подготвени сме за тоа. Знаеме дека таа ни значи многу, ќе биде многу поубаво да се вратиме дома со бронза отколку без неа – изјави Далиќ.

Потоа продолжи да зборува за противникот и тренерот Реграџи.

– Тој врати неколку играчи кои не беа во репрезентацијата. Со тоа враќање го врати заедништвото, ја врати хомогеноста на тимот и цела нација застана зад нив и тоа се покажа на натпреварите. Борбата за бронзениот медал е голем успех за нив и свесен сум дека нема да се откажат од неа. Ќе биде можеби најмотивиран, најсилен, најдобар и со најголема поддршка досега. Тие добија шанса да бидат трети. Од друга страна, не заостануваме во ништо. Ја надминавме Аргентина, го преболевме нашето полуфинале. Подготвени сме и го чекаме натпреварот за третото место. Знаеме дека тоа се очекува од нас, дека имаме и голема поддршка. Иако не со нас овде, но имаме и во Хрватска и во целиот свет. Знаеме дека можеме да го направиме тоа. Малку сме уморни, ова е седми натпревар со две продолженија, но момците се подготвени.

Тој најави промени во составот на тимот.

– Ги замолив играчите да бидат искрени со мене, со себе и со репрезентацијата, да кажат дали имаат некакви проблеми за да бараме други решенија. Утре ни требаат 100% фит играчи, треба малку да ја освежам репрезентацијата. Сите сакаат да играат, но мора да бидеме искрени и да кажеме дали имаат проблеми. Може да очекуваме некои промени.

Натпреварот за третото место меѓу Хрватска и Мароко е закажан за в денеска од 16 часот.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.