Connect with us

Фудбал

Данците подготвија специјални дресови за Мундијалот кои нема да им се допаднат на луѓето во Катар

Репрезентацијата на Данска без поголеми проблеми успеа директно да се пласира на Светското првенство.

Светското првенство ќе се игра на крајот на следната година во Катар, а веќе ги добивме имињата на повеќето репрезентации кои обезбедија директен пласман.

Меѓу нив е и репрезентацијата на Данска која се „прошета“ низ квалификациите и заврши како прва во групата со 27 бода од можни 30.

Данците претрпеа само еден пораз во последното коло од Шкотска и имаа неверојатна гол разлика 30:3.

Фудбалскиот сојуз на Данска веќе полека се подготвува за Светското првенство во Катар, па дури најавија дека за време на овој турнир на секој начин ќе се обидат да укажат на кршењето на човековите права во оваа земја.

Данците ќе имаат специјални дресови во кои ќе тренираат пред натпреварот, а на нив ќе пишуваат пораки со кои ќе го критикуваат Катар за многу прекршувања на човековите права при изградбата на стадионот и подготовките за Светското првенство.

„Нашите двајца спонзори ќе се откажат од местата на дресовите за да испратат пораки со критики за кршење на човековите права. Ова им го посочуваме долго време на водечките луѓе на ФИФА и нема да престанеме да го правиме тоа додека трае првенството“, соопшти ФС Данска.

Катар долго време ги отфрла сите критики и обвинувања за кршење на човековите права, откако беше објавено дека донеле илјадници мигранти да работат на изградбата на стадионот и ги држеле во заробеништво додека не се заврши работата.

За жал, многу од нив ги загубија животите, а оние кои на крајот успеаја сето тоа да го издржат не ја добија ниту приближната плата што им беше ветена пред да дојдат во оваа земја.

Се тврди дека Катар се уште ги прави овие работи, поради што некои од европските земји претходно се обидоа да укажат што се случува во оваа земја, но се уште не се преземени сериозни мерки.

Реклама

Facebook

Реклама