Давид Луиз кариерата ја продолжува во Русија
Д М9 јун 2020

Давид Луиз ќе го напушти Арсенал по само една година помината во „Емирати“.
Луиз не ги исполни очекувањата, неговата авантура во редовите на „Топџиите“ дефинитивно може да го земе епитетот на неславните, па Бразилецот може да бара нов клуб.
Иако не може да се пофали со својата форма, искусниот стопер нема да мора да се грижи за наоѓање на нов клуб затоа што има голем број понуди на масата.
Најзаинтересиран е Зенит. Рускиот тим бара замена за Бранислав Ивановиќ, а доколку се верува во извештајот на локалните медиуми, изборот падна на Луиз.
Луиз, кој наполни 33 години во април, беше во Европа скоро 15 години кога пристигна во Бенфика. Покрај Арсенал, тој играше и за ПСЖ и Челзи.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



