SportM
Фудбал

Давид Силва ќе остане во Манчестер Сити до крајот на сезоната

Д М14 мај 2020
Давид Силва ќе остане во Манчестер Сити до крајот на сезоната

Давид Силва ги брои последните денови од неговиот договор со Манчестер Сити, а се очекува да го напушти овој клуб.

Неговиот договор истекува следниот месец, а бидејќи сè уште не е продолжен, јасно е дека Силва ќе го напушти Манчестер Сити.

Преостанати се уште десет натпревари на Манчестер Сити, до крајот на сезоната, а тие се борат и за ФА Купот и Лигата на шампиони, кои би можеле да ја продолжат сезоната до август.

Во овој тим се плашеа дека Силва ќе си замине веднаш штом му истече договорот, но тој е подготвен да го продолжи договорот до крајот на сезоната и со тоа да му помогне на тимот.

Силва наводно е во преговори со неколку клубови, а некои од нив се Валенсија и Интер Мајами, па затоа ќе биде интересно да се види каде ќе игра следната сезона.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.