Де Брујн избра соиграч од соништата: „Би ја центрирал топката во висина од три метри и тој би скокнал“.

Кевин Де Брујн со години е еден од најдобрите асистенти во Европа. Одличните топки на Белгијецот имаат очи и одличниот играч од средниот ред има голем придонес за добрите резултати на Манчестер Сити и на Белгија.
Де Брујн кога го шапрашаа за идеален соиграч тој се определи за Кристијано Роналдо поради неговиот одличен скок и моќниот и прецизен удар со глава.
Каде и да играше Роналдо направи неколку скокови на небото во текот на целата сезона, поради што особено му восхитува 29-годишниот репрезентативец на Белгија.
“Јас би сакал да играм со некој како Кристијано. Веројатно би ја центрирал топката во висина од три метри и тој повторно би ја погодил”, рече Де Брујн.
Инаку оваа сезона, Де Брујн успеа да запише дури 20 асистенции, од кои 17 во Премиер лигата.



