SportM
Фудбал

Де Брујн: Јас сум близу до Златната топка

Д М29 фев 2020
Де Брујн: Јас сум близу до Златната топка

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Сити, Кевин де Брујн изјави дека смета дека не е премногу далеку да биде кандидат за Златната топка, бидејќи тој стана покомплетен играч низ годините.

Кевин Де Брујн пристигна на „Етихад“ од Волфсбург за 55 милиони фунти во летото 2015 година, враќајќи се во Премиерлигата, откако претходно имаше потешкотии во Челзи, во својата кариера.

Оттогаш, Белгиецот има направено повеќе од 200 настапи на сите натпреварувања за Манчестер Сити, придонесувајќи 50 гола, додека стана познат како еден од најдобрите плеј мејкери во Европа.

Манчестер Сити има освоено седум големи трофеи со Де Брујн во средниот ред, вклучувајќи две титули во Премиер лигата. Де Брујн најверојатно ќе додаде уште еден трофен во колекцијата в недела, кога ќе се соочи со Астон Вилан во финалето на Купот Карабао.

И покрај неговите успеси на „Етихад“, 28-годишниот фудбалер допрва треба да се најде на десеттото место во анкетата „Златно гласање“, рангирајќи се на 14-то за време на церемонијата во 2019. Сепак, тој верува дека е близу до сериозен кандитат за еден од најдобрите играчи во светот.

„Верувам дека не сум премногу далеку. Но, кој сум јас да го реши ова? Имам само тенденција да бидам добар колку што можам. Јас играв добро последните неколку години и минатата сезона кога бев на теренот давав се од себе, и покрај тоа што претрпев многу повреди“, рече Де Брујн.

„Имав и добри години во Германија и бев среќен, но кој ги прави најдобрите играчи. Не знам, мислам дека сум прилично близу. Секако дека е добро да се доминира со Златната топка, но пред сè и најзначајни се настапите во тимот“.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.